Тајната на успешните врски: 10 љубовни заповеди

popara7 јануари, 20151min00
39

Да ја признаеш вината, да замолчиш на време или да бидеш љубезен после тешкиот напорен ден е мошне тешко. Сепак постои решение. Ќе ви ги откриеме 10-те љубовни заповеди со чија помош вашата врска или брак можат да бидат како оние од бајките.

1. Можете да се лутите, но никогаш немојте да сте лути двајцата во исто време.

2. Не викајте еден на друг, освен ако некаде не избие пожар.

3. Ако некој мора да победи во расправијата, тоа нека биде оној другиот. Толеранција, искреност и отстапки се важни особини кои гарантираат среќна врска и брак.

4. Ако баш мора да упатите критика, тоа нека биде на нежен начин.

5. Никогаш не се навраќајте на грешките од минатото.

6. Подобро запоставете го целиот свет, отколку да се запоставите еден со друг.

7. Не легнувајте да спиете доколку претходно не сте ги решиле несогласиците.

8. Секој ден најдете барем по еден убав збор за саканата личност.

9. Ако направите грешка бидете подготвени да признаете. За тоа постои прекрасен збор “извини“.

10. За кавга се потребни двајца, а најчесто виновен е оној кој е погласен.

Foto-ilustracija: Foter/Langs Mello

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag