
Актерот Сарп Левендоглу (33) кој во хит серијата „Малиот ага“ ја толкува улогата на таткото на симпатичниот Мехмед Џан турските медиуми долго време го поврзуваа со актерката Бирче Акалај која ја толкува улогата на мајката на малечкото палово момче.
Актерката која се прослави по улогата на мајка на Малиот ага, Бирче Акалај, е една од најубавите жени во Турција. Таа беше мис на Турција во 2004 година, а работи и како модел и како актерка.
Медиумите во Турција постојано го поврзуваа убавиот и шармантен турски актер со некои од најубавите тамошни актерки. Иако не сака да зборува за својот приватен живот, папараците во Турција ги фатија двајцата актер како рака под рака заминуваат кон станот на актерката во кој наводно ја поминале и ноќта.
И двајцата ниту ги демантираа ниту ги потврдија овие шпекулации, но според медиумите нивната хемија и вљубеност им е очигледна на сите кои погледнала макар и еден епизода од оваа хит серија.









