Текстот од едно дете: Што сакам од Бог да стори за мене?

popara2 април, 20151min00
011

Една учителка во основно училиште им поставила задача на учениците да напишат домашна задача на тема „Што сакам од Бог да стори за мене“.

Текстот од едно дете успеало да ја погоди најмногу. Го пренесуваме во целост.

Господи, денес те молам за нешто посебно.

Сакам да ме претвориш во телевизор!

Сакам да можам да бидам на неговото место.

Посакувам да живеам онака како што живее телевизорот во нашиот дом.

Сакам да имам посебно и само мое место, за да можам како него да го собирам околу себе целото семејство.

Сакам сите да ме слушаат без да ме прекинат и да не поставуваат ниту едно прашање, додека зборувам.

Сакам да бидам  во центарот на вниманието.

Сакам сите да се занимаваат со мене онака како што тоа го прават со телевизорот кога тој ќе престане да работи дури и за миг.

Сакам да можам на истиот начин да бидам во друштво на татко ми, кога тој ќе се врати дома, дури и да е изморен.

Сакам мојата мајка да доаѓа кај мене кога е тажна и осамена, наместо да ме избегнува.

Сакам понекогаш, дури и на кратко, моите родители да успеваат да остават се што прават настрана и да поминуваат дел од своето време со мене.

Боже, та јас дури и не барам многу … Јас само сакам да живеам, како што живее секој телевизор .