Директорот на Netflix, Рид Хастингс, смета дека телевизијата, таква како што денеска ја познаваме ќе изумре до 2030 година.
Причината е постојаниот пад на приходите од реклами.
Се смета дека за две години, компаниите кои се рекламираат ќе бидат подготвени своите пари да ги вложуваат во дигитални и интернет платформи.
Хастингс не наведува на основа на што “смртта“ на традиционалната телевизија ја предвидува токму за 2030 година.
Интересно е што американската корпорација Cisco Systems уште во 2011 година, анкетирала 50 ТВ експерти, кои истакнале дека конвенционалната телевизија својот крах ќе го доживее во 203о година.
Netflix е компанија и платформа која дава легални услуги на „стриминг“ и гледање мултимедијални содржини, филмови и серии преку интернет.