Температурата на Гренланд порасна за неверојатни 62 Целзијсови степени!

popara27 јули, 20151min00
4

Годишниот извештај за Состојбата на климата наведува дека 2014 година е најтопла во последните 135 години, откако постои мерењето. А температурите само дополнително ќе растат.

Силното влијание на климатските промени имаат драматичен ефект на Гренланд, најголем остров на светот. Пред точно осум години, во овој период од година, температурата измерена на Гренланд изнесувала минус 35 Целзиусови степени под нулата. Силите ветрови кои носат снег тогаш биле норма за сите тамошни истражувачи.

Меѓутоа, ова лето сонцето е се посилно од обично, топејќи го мразот се побрзо и побрзо. Температурата сега е плус 27 степени Целзијсови над нулата, цели 62 степени потопло од пред осум години. Научниците се обидуваат да откријат дали затоплувањето ќе продолжи.

Гренланд е второ најголемо подрачје под мраз на светот, поголемо од четвртина од САД, со дебелина од околу 3,5 километри на највисокиот дел.

Глациологот Џоел Харпер, од Универзитетот во Монтана, секое лето ги проучува гренландските ледници и нивното движење. Научниците инаку на Гренланд редовно престојуваат од 1989 година.

– Гренланд содржи енормно количество на вода во форма на мраз. Во изминатите децении многу повеќе мраз се топи отколку што се обновува со снегот, што предизвикува покачување на нивото на морето, предупредува Харпер.

Дека се топи мразот може да се види од воздух. Доволно е само со поглед да се најдат сините базени. Сателитските снимки покажуваат дека во текот на најтоплите денови речиси половина глечери се растопуваат, двојно зголемувајќи ја вообичаената норма за ова време од годината.

Како што се топат глечерите така и потемнуваат, што во комбинација со седиментите и глобалното загадување на воздухот дополнително се забрзува процесот на затоплување на планетата.

– На Гренланд колку одите по на север толку воздухот е позагаден. Светската индустрија се наоѓа повеќе на северната полутопка и токму таму се испуштаат најголеми концентрации на хемикалии, објаснува Мајкл ОНил, кој ги мери загадувачите од 2008 година.

Колку е мразот потемен толку побрзо ќе се топи во океанот.

– Гренланд моментно придонесува за покачување на нивото на морето за 40 отсто, истакнува Харпер.

Во последните сто години, нивото на светските океани се покачи од 10 до 20 сантиметри, а научниците предвидуваат дека до крајот на векот тоа дополнително ќе се покачува, со што ќе се загрозат крајбрежните градови како Мајами, Мумбај, Сиднеј…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma