Двa сосема различни концепти во автомобилската индустрија, но со една заедничка особина – импресивната изведба.
Tesla има помалку коњски сили, поголема тежина но и погон на четири тркала, па за разлика од Ferrari полесно ја „канализира“ моќта кон подлогата.
Во трката на четвртина милја (околу 400 метри), победи Ferrari, но F12 имаше проблем да го престигне Model S, поради тоа што американскиот автомобил има фантастично почетно забрзување бидејќи неговата електрична моторизација моментално остварува огромен вртежен момент, додека пак на класичниот бензински мотор му треба малку повеќе време.