Роршаховиот тест со дамки претставува еден од добро познатите и најконтроверзни тестови во историјата на психологијата и психоанализата. Оваа проективна техника ги одвојува работите кои вам ви се несвесни и непознати. Со една реченица, може да ги открие тајните на вашата душа.
Швајцарскиот психијатар Херман Роршах, капка по капка со мастило на хартијата формирал симетрични, но недефинирани форми и истите им ги покажувал на своите пациенти. Тестот открил многу работи кои искажаните зборови не ги кажуваат.
Тестирајте се и вие и откријте на кој начин се соочувате со своите емоции, на кој начин ја доживувате средината околу вас и каков е вашиот однос со другите.
1.
Оваа слика го претставува вашиот однос со другите луѓе. Сликата погледнете ја добро и кажете што гледате:
Две личности кои се бакнуваат
Вие сте филантроп. Вистински друштвена личност која ужива во времето кое го минува меѓу луѓето, особено пријателите. Имате доверба во своето опкружување и лесно може да комуницирате со непознати. По природа сте оптимист и креативец.
Животни
На кои животни ве потсетува овој цртеж? Со што се поврзувате во животот? Доколку гледате диво животно кое се бори со другите, можеби потајно немате доверба во луѓето околу вас. Размислете од каде доаѓа вашиот страв.
Црн чад
Што вам ви говори овој поим? На што поточно ве асоцира? Дали ве потсетува на цигарите кои страсно ги горите? Или можеби на проблематичен оган кој уништува се пред себе?
2.
Оваа слика ве претставува вас како личност.
Лилјак
На што ве асоцира лилјакот? За некои луѓе тој е симбол на злото, додека пак, за други претставува слобода. Ако сте љубител на стриповите, можеби во него ќе го пронајдете бетменовиот знак. Во тој случај обидете се да ги анализирате карактеристиките на тој лик и ќе дознаете нешто повеќе за вас.
Ако лилјакот ве потсетува на вампир, откријте од што поточно се чувствувате исцрпено и исплашено.
Две личности
Во вас постојат две различни личности кои меѓусебно се надвладуваат. Оваа контрадикторност ја носиме сите во себе си, но кај некои е значително по изразена. Што друго гледате во сликата? Личности кои се насочени една наспрем друга? Дали вам ви изгледа како меѓусебно војуваат или мируваат?
Пеперутка
Што за вам претставува пеперутката? Дали претставува симбол на нежноста или пак приказ на слободниот дух? Пеперутката симболизира трансформација, но и друштвен живот. Доколку оваа слика ве потсетува на пеперутка со раширени крилја веројатно сте посебно друштвена личност која има многубројни пријатели.
Ангел
Ангелот претставува симбол на заштитата, друштвеноста и невиноста. Вие всушност буквално им се обраќате на ангелите за помош кога сте под голем стрес и притисок.
3.
Оваа слика го претставува вашиот татко и во каков однос сте со него
Пајакова мрежа
Какви се вашите чувства и замисли за пајаците и нивните мрежи? Дали чувствувате презир и страв? Или пак, во потполност им се восхитувате на тие суштества? Пајаковата мрежа меѓу другото означува и сложен однос на кој треба многу да се работи. Сетете се: Кога последен пат разговаравте со вашиот татко?
Був
Размислете на што ве потсетува бувот? Какви се вашите емоции за него? За некои народи бувот е симбол на мудроста, додека за другите мрачна мистерија. Анализирајте што означува овој симбол за вас и истиот пробајте да го одразите во односот кој го имате со вашиот татко.
Бумбар
Многу луѓе стравуваат од инсектите, особено од бумбарите. Какви емоции оваа слика предизвикува кај вас? Со анализата на чувствата кои ви се јавуваат при гледањето на оваа слика, можете да открите какви се чувствата за вашиот татко.
Рак
Додека некои луѓе ракот ги потсетува на морето, годишните одмори и опуштањето; за другите истиот претставува персонификација на опасноста. Како се чувствувате вие? Ракот исто така може да биде и симбол на стравопочитта, емоција која често ја гаиме кон своите родители.