Тест кој открива ги открива вашите длабоко потиснати емоции

popara3 јуни, 20151min00
19

Сондиевиот тест е познат невербален тест дизајниран во 1935 година од страна на славниот унгарски психијатар Леополд Сонди, кој во тоа време бил исто толку познат како и Фројд и Јунг. Целта била да се истражат најдлабоките потиснати импулси на личноста врз основа на аверзија предизвикана од специфични фотографии од психопати, садисти и други лица со класифицирани пореметувања. 

Тестот се основа на општото сфаќање дека особините кои ни пречат кај другите се токму оние особини кои предизвикале одбивност кај нас самите во раната фаза од нашиот живот, и токму од таа причина сме ги потиснале.

Пред да го направите тестот добро е да знаете неколку термини од психологијата:

Потиснување: Според психоаналитичките концепти, ова е најважниот психолошки одбрамбен механизам кој го поседуваме. Неговата најважна функција е да ги пренесува мислите и желбите кои ни создаваат нелагодност во подсвеста.

Негирање: Тоа е ментален просец со кој апсолутно ги одбиваме нашите најдлабоки пориви (т.е. работите кои ги сакаме), усвојувајќи спротивен пример од саканото однесување.

Инструкции за тестот:

Погледнете ги портретите на овие осум лица и одберете го она лице со кое никогаш не би сакале да се сретнете во темница, бидејќи неговиот или нејзиниот изглед ви предизвикува гадење и страв. Потоа прочитајте го толкувањето кое одговара на бројот на портретот кој сте го одбрале.

Важно: Немојте погрешно да ги сфатите резултатите. Тие не треба да ве наведат на мислата дека имате некој вид на ментално пореметување, бидејќи тестот е дизајниран со цел да се донесе претпоставка за можни потиснати импулси во согласност со теоријата на психоанализа. Исто така имајте во предвид дека многу работи се сменети во психологијата од 1935 година па навака.

Кое лице најмногу ве плаши и најмалку би сакале да го сретнете во темница?

post cover photo

Толкување на тестот:

1. Садист

Потиснување

Веројатно сте потиснале некои искуства од најраните години во животот поврзани со авториративноста во своето однесување, потребата за доминација и склоност кон лоши намери.

Ако го одбравте портретот на оваа личност, можно е да сте потиснале некои навредливи и штетни однесувања кон другите во вашата потсвест.

Негирање

Веројатно сте потполно безопасни и мирни, и секогаш подготвени да им помогнете на другите.

Ако имате канцелариска работа, на вашите претпоставени може да им биде тешко да се справат со вас. Кога не сакате да направите нешто создавате бариери (на пр. доцните на работа или покажувате дека сте во лошо расположение). Кога се браните се одлучувате за пасивен отпор, кој долгорочно ги исцрпува оние кои ви создаваат проблеми.

2. Епилептичар

Потиснување

Кога зборуваме за пореметувања на личноста поврзани со болестите на умот, оштетувања и дисфункции како што се случува во некои случаи на епилепсија, некои од дијагностичките особености можат да бидат импулсивност, раздразливост, испади на бес и агресија.

Ако овој крупен господин со округла глава предизвикува гадење и страв во вас, веројатно во раното детство сте потиснале некои од овие чувства и однесувања во својата потсвест.

Негирање

Веројатно сте љубезна и мирна личност. Бидејќи сте кротки и пријателски настроени, оддавате впечаток на одговорна личност со самоконтрола. Стабилни сте во своите чувства и лесно се поврзувате со луѓето, идеите и нештата.

3. Кататоничен

Потиснување

Некои од особеностите на ова ментално пореметување се претерана стимулација на фантазијата, затворање во себе и негативизам.

Ако овој неизбричен, но насмеан господин предизвикува негативни емоции во вас, можеби сте потиснале некоја хиперактивност на умот, која ако не се пренесе во вашето подсвесно би можела да предизвика да изгубите допир со реалноста.

Негирање

Вие имате тенденција да усвојувате стереотипни однесувања и не сакате иновации и промени. Можеби сте срамежлива личност која смета дека посебно тешко се прилагодува на нови ситуации.

Ваш најголем страв е дека ќе ја изгубите самоконтролата. Малку сте тврди, често имате одбрамбен став и можеби сте личност која никогаш не отстапува од својот „кодекс“ на однесување.

4. Шизофреник

Потиснување

Шизофренијата се карактеризира со интензивна апатија, искривена перцепција и мисли, и некомпатибилни емоции.

Ако се ежите од овој рамнодушен поглед и покер лице, веројатно во раното детство сте го потиснувале чувството на рамнодушност кон другите и повлекувањето во себе од различни нешта и случувања.

Негирање

Вие сте прилично друштвена личност. Верувате во дружење и комуникација со другите, уживате во друштво и често излегувате.

Друштвеноста често е знае да биде лажна и можеби крие изолирана личност која живее со чувството дека е секогаш сама. Вашите односи знаат да бидат безлични и површни, како да им недостасуваат вистински емоции. Длакобо во себе, можеби чувствувате дека ви требаат другите и соживотот со нив.

5. Хистерик

Потиснување

Некои од особините на хистеричните личности се површни и нестабилни емоции, нарцизоидност и егзибиционизам.

Ако ја одбравте оваа необична дама со тешки очни капаци како личност која ве плаши повеќе од другите, можеби тоа е така затоа што сте ја потиснале желбата постојано да бидете во центарот на внимание и гладта за одобрување од другите.

Негирање

Оставате впечаток на скромна личност со интензивен внатрешен живот.

Меѓутоа, во реалноста, наизглед мирната и срамежлива личност може да поседува неодолива желба за шармирање на другите. Вие студиозно се грижите за својот изглед или однесување. На пример, секогаш се обидувате да бидете елегантни и убаво облечени, надополнувајќи ја својата облека со додатоци кои го привлекуваат вниманието на другите.

Голема е веројатноста овие лица да одберат ретка или екстравагантна професија или хоби.

6. Депресивен

Потиснување

Недостаток на самодоверба, чувство на пониска вредност и чувство на вина се главните симптоми на депресијата.

Фактот што оваа личност предизвикува аверзија кај вас може да значи дека сте длабоко депресивна личност која ги држи овие симптоми под контрола.

Негирање

Можеби сте отворена и безгрижна личност. Секогаш покажувате динамичност, самодоверба и оптимизам. Понекогаш може да се случи да се возбудите и да манифестирате дистимија (пореметување на расположението) и меланхолија („синдром на тажен кловн“). Исто така знаете да бидете и сомничави и мрзоволни.

Голема е веројатноста дека сте ги замениле своите депресивни тенденции со превземање на улогата на сечиј психолог, барајќи решенија за проблемите на другите.

7. Манијакален

Потиснување

Некои дијагностички карактеристики на манијата се отвореност, прекумерна стимулација, преценување на самиот себе, расфрлање со пари и емоции.

Ако овој тип ви изгледа одвратно, тоа веројатно значи дека во вас постојат некој вид на возбуди кои ако не ги контролирате ќе ве претворат во фанатичен мистик.

Негирање

Вие веројатно сте личност која не провоцира со своето однесување и презира бука, екстреми и претерување. Вие сте пример за дискреција, воздржаност и имање на мерка. Логични сте и штедливи, секогаш со контролирано однесување.

8. Дисоцијативно пореметување на идентитетот

Потиснување

Дисоцијативното пореметување се карактеризира со појава на подвоена личност, при што личностите најчесто се сосема различни едни од други.

Ако ова младо момче ви изгледа опасно и изопачено, можеби во своето рано детство сте потиснале некое прашање во врска со својот идентитет, кое би ве направило различни од она што сте денес. Голема е веројатноста да се работи за вашиот родов идентитет, бидејќи во случај со момчето на сликата е хомосексуалец, неговиот друг идентитет е жена.

Негирање

Ако одбрамбениот механизам на негирање успешно сте го спровеле, вие имате тенденција недвосмислено да го потврдувате својот биолошки пол. Во тој случај, вашето однесување, манири и изглед нагласуваат дека сте „вистинска“ жена или „вистински“ маж.

Ако сте жена веројатно секогаш се обидувате да изгледате секси и флертувате со цел да го привлечете вниманието на спротивниот пол, а ако сте маж веројатно сте многу „мачо“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag