По претставувањето на новиот Galaxy S6 Edge, кој поседува заоблен екран од двете страни, многумина се прашуваа дали телефонот целосно ќе се распарчи доколку падне на земја. Конечно го имаме одговорот…
Скандалот со превиткување на iPhone 6 Plus целосно ја фокусираше јавноста кон (не)издржливоста на новите модерни телефони, со што денес секој од овие уреди подлежи на тестови за издржливост (паѓање од одредена висина и превиткување). На тестот на превиткување на Galaxy S6 Edge, овој модел се прикажа како помалку издржлив од iPhone 6 Plus – Edge моделот се превитка на притисок од 67 килограми, додека пак iPhone 6 Plus издржа до притисок од 81 килограм.
Денес имаме тест на издржливост при паѓање од одредена висина, односно од висина на колкови, од висина на главата (под два метри) и од висина од 3 метри. Не би сакале да ви го расипеме уживањето и да ви ги откриеме резултатите, но само ќе кажеме дека тие ќе ве изненадат.
Погледнете го видеото!