И додека Apple се фали со одлична продажба и резултати во првите три дена откако новите 6S и 6S Plus беа пуштени во продажба, сопствениците на новиот телефон веќе го тестираат на разни начини.
Еден од најинтересните тестови направи Зак Стерли, кој во вода ги потопи iPhone 6S и 6S Plus.
Целта беше да се тестира колку долго може да издржи еден таков уред, со оглед на тоа што според официјалните спецификации телефоните не се водоотпорни.
По 60 минути Зак го извлече од водата и се беше во ред. Тој забележа дека по времето поминато под вода iPhone 6 доби една дијагонална црта од внатрешната страна на екранот, додека iPhone 6s Plus се покажа како целосно водоотпорен. Ако верувате во веродостојноста на видеото, тогаш е чудно што Apple никаде не ја спомена оваа способност на новите уреди.
Очигледно вашиот нов iPhone нема да настрада ако ви падне во када, мијалник или езеро, но сепак не го пробувајте ова дома бидејќи ако телефонот сепак не работи од Apple нема да го заменат, со оглед на тоа што не пишува никаде дека уредот е водоотпорен.