Изборот на партнерка се прави по сопствен вкус и вообичаено секој си има критериуми по кои се води. Но, постојат неколку типови на девојки кои е препорачливо да ги одбегнувате, односно да ставите крај на врската со нив и тоа важи без разлика каков вкус имате.
Материјалистка
Овој тип веднаш се препознава, дури и да се трудат за кратко време ќе ја издадат својата цел. Вообичаено ќе ве прашаат колку заработувате, дали и каков автомобил имате, колку чини она што го носите. Дури и да поседувате солидни средства, сигурно можете да најдете личност со поголеми вредности.
Онаа што дава погрдни коментари за останатите
Начинот на кој човек зборува за останатите многу кажува за него самиот. Замислете на првиот состанок да почне да употребува прилично грди и ниски коментари за останатите или почне да се исмејува со некого. Вреди ли да дадете втора шанса на таква личност?
Разгалената
Таа сака да и го посветите секој момент од вашето време, буквално. Доколку имате намера да правите нешто со другарите, а таа посака да бидете крај неа, немојте да живеете во илузија дека имате избор. Освен тоа, секоја нејзина потреба мора да биде задоволена и вообичаено таму каде не може да излезе како победник ќе употреби солзи. Овој тип на девојки обично мислат дека целиот свет е против нив и дека некој треба да ги заштити од најмала ситница.
Онаа што знае сè
Секој би сакал пристојна и паметна девојка со која може да разговара, но ова се оние поинакви типови – тие знаат сè. Па употребуваат сарказам сметајќи дека тој начин на комуникација нема да го разберете или ви се потсмеваат кога нешто не знаете. Само прашање на време е кога ќе се случи големата расправија. Најдоброто е што можете да ги препознаете уште пред да почнете врска, затоа што не престануваат да зборуваат.
Неконтролирано однесување
За обична ситница во секунда може да направи сцена и воопшто нема да биде важно што целото друштво е околу вас. Овој тип на девојка нема контрола врз своето однесување и воопшто не се грижи околу тоа, но вие сте тие што треба да бидете загрижени.
Онаа која со вас се обидува да преболи друг
Ова е случај во кој тешко можете да препознаете што наумила. Но, ако почувствувате дека сте само начин за да му врати на бившиот, а вие сте тука колку да му покаже дека не е сама, не се ни трудете да започнете врска.