Тоа што го покоси животот пред 252 милиони години ни се заканува и денес

popara16 април, 20151min00
13

Научниците тврдат дека конечно ја откриле причината за „Големата екстинкција“ – најголемото изумирање на живиот свет во историјата на планетата. Се случило пред 252 милиони години, а исчезнал дури 90% од живиот свет во водите на Земјата. Научниците сметаат дека огромен удел во истребувањето на животот имала киселоста на океаните.

Не случајно научниците направија паралела со денешните состојби на планетата. Имено, состојбата во која се наоѓаат океаните денес е загрижувачки слична со онаа од пред 252 милиони години. Додуша, има една важна разлика: денес киселоста на океаните е уште поголема!

„Времето ни истекува. Нештата ќе бидат само полоши. Минатите, сегашните и идните емисии на CO2 ќе имаат вкупен учинок на глобалното затоплување. Мораме да го прекинеме трендот и да ја намалиме емисијата на штетни гасови“, вели Мишел Жеро, челникот на Светската метеоролошка организација (WMO).

Четвртина од гасовите заслужни за ефектот на „стаклена градина“ се апсорбира во океаните, а уште една четвртина впива биосферата, која на природен начин го ограничува нивото на штетни гасови во атмосферата.

CO2 и сличните штетни гасови имаат долгорочен негативен ефект врз океаните. Јаглеродниот-диоксид ја зголемува нивната киселост и го загрозува целокупниот еко-систем. Како што велат научниците, пред 252 милиони години дошло до ненајно испумпување на CO2, како последица на ерупцијата на супер-вулканите. Денес, истото се случува како последица на човештвото и неговите немарни постапки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag