Колку и да сме успешни, реализирани, со големи банкарски сметки, сепак тоа не може да се спореди со љубовта кон саканите. Среќата и животот на саканите дефинитивно не можат да се купат со пари. Тоа го покажува и лошата животна ситуација во која се најде познатата пејачка Селин Дион.
Сопругот и менаџер на Селин Дион, Рене Ангелис по втор пат се соочува со ракот, но овој пат, тој страда од рак на грлото.
Пејачката морала да направи една година пауза од настапите, за да се посвети целосно на нејзиниот маж кој има 73 години. Се венчале со Селин, која сега има 46 години, во 1994 година. Имаат три сина, 14-годишниот Рене Чарлс и 4-годишните близнаци Еди и Нелсон. Децата заедно со нивната мајка учествуваат во борбата со болеста.
Селин, неодамна гостувала во телевизиската куќа ABC, а на прашањето како се справуваат со оваа болест, таа буквално се скршила и се расплакала.
– Сакам да ја посветам секоја мили-секунда од својот живот и својата енергија на мојот сопруг и неговото лекување. Многу е важно да се посветам и на децата. Затоа морав да земам пауза и им се извинувам на своите фанови. Знам дека сите ја разбираат мојата ситуација и ви благодарам на поддршката, рекла Селин.
httpv://www.youtube.com/watch?v=MM5NT9Uo4Io