Три години по смртта на својата сопруга, снимил идентични фотографии со својата ќеркичка…
Рафаел Дел Кол сакал да ѝ одаде почит на својата почината сопруга Татјана Валкес, па тој и неговата тригодишна ќеркичка Раиса, повторно ги направиле истите фотографии кои тој и Татјана ги имале како пар.
Татјана загинала во сообраќајна несреќа во 2011 година кога Раиса немала нити годинка. Тогаш Татјана била трудна со нивното второ дете, кое исто така го загубило својот живот.
Оригиналните фотографии се направени во 2009 година, недела дена пред нивната венчавка. Овој пат, ланчињата и кондурите на мама ги носеше Раиса, а на фото сесијата учествуваше и нивното кученце: Рафаел ѝ ја купил Раула на Татјана уште на почетокот кога почнале да се гледаат како момче и девојка.
https://www.youtube.com/watch?v=b_uIcFmwKPQ