Трогателна приказна за самоубиството на фотографот кој ја направил оваа фотографија

popara9 април, 20151min00
3 copy

Во 90-тите години Судан бил погоден од глад, при што починале повеќе од 70.000 луѓе и покрај тоа што Обединетите нации организирале доставување на хуманитарна помош.

Кога фотографот Картер пристигнал во Судан наишол на страшна глетка. Гладно слабо девојче лазело на топлата земја и се мачело да дојде до центарот за дистрибуција на храна. Додека се подготвувал да ја фотографира, до неа слетал мршојад и останал да чека таа да умре. Картер ја фотографирал таа страшна сцена, бидејќи тоа “му било работа”, па се завртел и си заминал. Детето го делеле само неколку чекори од спас, но Картер одлучил да не му помогне бидејќи хуманитарците му препорачале да не ги допира децата, поради заразните болести.

Фотографијата ја продал на “Њујорк Тајмс”. Таа била објавена на 26 март 1993 година. По ова се дигнала голема „прашина“ а стотици загрижени луѓе се јавиле во редакцијата да прашаат што се случило со девојчето, дали успеало да се спаси и да преживее?

За жал, ниту весникот ниту фотографот не знаеле како завршило прегладнетото девојче.

Една година откако ја направил фотографијата, Картер ја добил Пулицерова награда но ниту престижната награда не можела да му ги оттргне црните мисли и душевниот немир кој го прогонувал цела година.

Тој поради лошата здравствена на 27 јули заминал во Паркмор каде ја донесол конечната одлука: едниот крај на цревото го ставил во ауспухот на својот автомобил, а другиот го ставил во еден од прозорите на автомобилот. Се затворил внатре, го пуштил автомобилот да работи, и се отрул со јаглерод моноксид.

Картер оставил и проштална порака, во која наводно напишал дека го прогонува фотографијата која му ја донела славата.

Девојчето сепак преживеало

Жоао Силва, португалски фоторепортер кој патувал со Картер во Судан тврди дека девојчето преживеало.

Силва тврди дека родителите на девојчето биле во близина односно заминале да змеат од хуманитарната помош. Картер за прв пат бил во подрачјето зафатено од глад, и бил шокиран од патењето на децата.

Тој ден уште неколку фотографи направиле слични фотографии, но ниеден не се прославил како Картер.

Мршојадите биле вообичаена појава покрај центарот за дистрибуција на храна, бидејќи и тие се хранеле од отпадоците кои се собирале на самото место.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag