Turing Phone: Поцврст од челик и титаниум!

popara27 април, 20151min00
17

Пред неколку дена беше промовиран телефон од кинеската компанија Turing Robotic Industries, кој е направен во чест на британскиот математичар Alan Turing, кој беше тема на филмот The Imitation Game. Да погледнеме за што се работи…

Една од целите на телефонот е да промовира нова мрежа на децентрализирана автентикација, преку која телефоните ќе може да се препознаат и комуницираат меѓу себе, без потреба од трета страна. Со тоа, се креира една заштитена комуникациска мрежа, која е екстремно тешко да се пробие.

Надворешноста на телефонот, поточно рамката е изработена од нешто кое компанијата го нарекува течен морфиум (luquid morphium), за кој тврди дека е метал поцврст од челик или титаниум. Алуминиумски, керамичќи и пластични материјали исто така се дел од куќиштето на телефонот, со што тој би требало да биде еден од најцврстите на пазарот.

Големината на екранот е 5,5 инчи со FullHD резолуција, додека во внатрешноста се наоѓа quad-core Snapdragon 801 процесор, надополнет со 2GB RAM и простор за складирање на податоци од 64GB или 128GB.

Камерата на задната страна е со резолуција од 13 мегапиксели, додека пак предната камера е со резолуција од 8 мегапиксели.

Телефонот работи на Android 5.0 Lollipop, поседува поддршка за 4G LTE мрежа, а продажбата ќе започне на 9-ти јули, по цена од 740 долари за верзијата со 64GB и 870 долари за верзијата со 128GB.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag