
Татјана Миоковиќ од Нови Сад позната стилистка и богаташка која со години се дружи со фолк-ѕвездата Лепа Брена, е уапсена поради кражба и препродажба на скапоцени автомобили – јавува 24Sata.hr.

Меѓу дваесетмината уапсени во меѓународната полициска акција во која е разбиена бандата која се занимавала со кражба и продажба на скапоцени автомобили, е и Татјана Миоковиќ од Нови Сад, која била членка на автомобилската мафија.
Минатата зима Татјана и Лепа Брена биле заедно на одмор на Тајланд.
Повеќе информации за случајот се очекуваат во иднина.