
Во американскиот град Албекрки пред неколку месеци се одиграла тажна сцена. Малечко 5 годишно девојче било на пат од училиште кон дома. Наеднаш било нападнато и претепано среде бел ден. Причина– девојчето е ментално хендикепирано.

Овие луѓе слушнале за нејзиниот случај и решиле да делуваат.
Тие се припадници на “бандата“ бајкери, која се нарекува “Punishers” составена од поранешни полицајци, војници, негуватели и слично. Нивната цел е да ги штитат слабите.
Девојчето од сигурносни причини останало анонимно, но сега знае дека ги има најдобрите заштитници на нејзината страна.

Убаво е да се знае дека постојат и вакви луѓе…
