Удирање со бамбусов стап како воспитна мерка во Сингапур

popara4 март, 20151min00
10

Апелацискиот суд во Сингапур денеска донесе решение според кое казната тепање на осудени криминалци со бамбусов стап, често извршувана и на јавни места, не е во спротивност со Уставот. Постапката за преиспитување на уставноста на овој закон ја започнаа адвокатите на нарко-дилерот Јонг Јуи Конг, кој бил фатен со 47 грама хероин и беше осуден на смртна казна, која му беше заменета со 15 годишен затвор и 15 удари со бамбусов стап.

Веројатно охрабрени од успехот со замената на смртната казна со затворска, адвокатите на осуденикот покренаа и постапка за укинување на казната тепање со стап, наведувајќи дека тоа е нехумано и било практика на темните години од средниот век.

Апелациониот суд на Сингапур во образложението на пресудата наведува дека Сингапур не е ретка држава каде и тепањето со бамбусов стап се применува како воспитна и предупредувачка мерка. Според судиите, ваквото казнување на криминалците нема врска со законите кои забрануваат тортура над затворениците.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag