Вака изгледа мажот за кој вреди да се бориш

popara5 јули, 20151min00
19

Приказната говори за еден млад дечко кој барал една личност која што никогаш не ја видел, а многу ја сакал.Бараше девојка која што неговото срце ја познаваше, но чиј лик не можеше да го знае. Девојка со црвена ружа.

Неговото интересирање за оваа девојка започнало тринаесет месеци порано, во една библиотека. Кога од полицата зел една книга, го привлекла содржината на таа книга, не од текстот во неа туку од забелешките кои се наоѓале на маргините на скоро секоја страница. Тоа бил многу убав ракопис и тој заклучил дека зад тој ракопис стои едно суштество кое е промислена душа и еден длабок ум. На првата страница од книгата нашол дури име и презиме на претходниот сопственик. Тоа била госпоѓицата Колис Мејхел. Потрошил доста време и труд, и ја пронашол дури и нејзината адреса. Живеела во Њујорк. Ѝ напишал писмо во кое се претставил и ја повикал да се допишуваат.
Следниот ден се случило да биде качен на брод и одвезен во Европа како војник на фронт во Втората светска војна.
Следната цела година и уште еден месец, значи 13 месеци тие се допишувале и се запознавале преку писмата. Секоја буква паѓала на плодно тло. Започнала романса. Официрот Бланшард во едно писмо, при крај на тринаесетиот месец ѝ побарал слика, ама девојката одбила да му прати. Нему тоа му изгледало уште попривлечно. Таа сметала дека ако тој навистина е заинтересиран, нема многу да му значи како таа изгледа. Кога дошол конечниот ден да се врати од Европа од фронтот, се договориле за нивниот прв состанок. Во седум часот навечер на Главната централна станица во Њујорк.
„Ќе ме препознаеш“ – напишала девојката – „по црвената ружа што ќе ја носам на крагната.“

И така во 7 часот навечер тој бил на станицата барајќи ја со очите, девојката која што неговото срце ја сакало, а чиешто лице никогаш не го видело. Официрот кажува:
„Млада личност одеше накај мене. Беше висока и витка. Нејзината руса коса беше со локни кои паѓаа на нејзините раменици, нејзините очи беа сини како некои цветови. Цртите на лицето ѝ беа беспрекорни, нејзините усни одразуваа цврстина ама и одлучност. Беше облечена во светло-зелен костим и изгледаше како пролетта да оживеала. Кренав накај неа, потполно заборавајќи дека таа на својата крагна нема црвена ружа. Додека ѝ приоѓав, мал провокативен насмев помина преку нејзините усни и само ми рече: „Морнару, дали јас и ти одиме во ист правец?“

„Скоро неконтролирано направив уште еден чекор накај неа, а потоа точно преку неа ја здогледав Полис Мејхел, личност која на својата крагна имаше црвена ружа. Стоеше некако баш зад оваа прекрасна девојка. Имаше малку седа коса која ѝ беше соберена и пристисната со веќе износен шешир. Нејзиното лице беше тркалезно, а исто така и телото. На нозете носеше чевли со ниски потпетици. Девојката во зелениот костим одеше многу брзо. Почувствував во тој момент како да се раздвојувам на половина. Ме влечеше желба да ја следам девојката во зелениот костим, ама сепак моето тежнеење беше длабоко за жената чиј дух беше споен со мојот. И таа тука стоеше. Нејзиното бледо и тркалезно лице беше племенито и чувстително, нејзините сиви очи имаа светкав сјај.
Не се колебав. Ја кренав книгата со сиви корици со мојата рака – тоа беше знак на препознање од моја страна. И сега сфатив дека и не треба да биде љубов туку нешто посебно, нешто дури и подобро од љубовта. Пријателството за кое бев и треба да бидам секогаш благодарен. Се исправив како вистински војник, се поздравив, ѝ ја подадов книгата на жената и додека ѝ зборував почувствував некоја горчина на разочарување.

Јас сум поручникот Џон Бланшард, а вие би требало да сте г-ѓицата Мејхел. Многу ми е драго што се најдовме овде на оваа станица. Дали би прифатиле да ве однесам на вечера?“ На лицето на жената се појавила пријатна насмевка.

„Јас незнам што треба да значи сето ова, младичу“ – одговорила. „Ама младата дама во зелениот костим која само што помина овде, ме замоли да ја ставам оваа црвена ружа на крагната од мојот капут. И рече ако ме повикате на вечера, да ви речам дека таа вас ве чека во големиот ресторан преку патот.

Таа рече дека ме употребува како некој вид на тест.
Вистинската вредност на човечката душа се гледа во одговорот на непривлечното.

Некој напишал: „Кажи ми кого сакаш и јас ќе ти кажам кој си.“ Кој носи црвена ружа?!

Обично оние кои не се приметуваат. Обично оние за кои мислиме дека не треба да носат црвена ружа.

Дали некогаш сте се запрашале – како постапуваме со нив во нашите секојдневни контакти?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma