Ви ја пренесуваме визијата на Давид Обендорфер за редизајн на легендарното „Рено 4“ со која учествувал на натпреварот „Renault 4 ever“.
Неговата идеја е да се искористи препознатливоста на предната маска на стариот модел, и да се вгради во модерна верзија која сепак би припаѓала на денешната генерација. Се надеваме дека оваа идеја ќе го пронајде патот до француската фабрика.