
Откако се разведе од музичарот Сил, германскиот топ модел Хајди Клум се однесува од ден на ден се послободно, а за тоа очигледно придонела и врската со младиот Вито Шнабел.
42-годишната Хајди, веќе по кој знае кој пат, на сите што ја следат на социјалните мрежи им го покажа задникот. Една од најславните манекенки на светот во последно време е склона кон објавување разголени фотографии на Инстаграм.
Двојката го забележала моментот во кој Вито го кренал здолништето на Хајди, а во раката држел лажица за готвење со натпис „непослушна лажица“.
Хајди покрај фотографијата напишала само кратко „Оф“.

