
Една од сестрите Кардашијан за време на снимањето на секси едиторијалот за магазинот „Complex”, направила ужасна грешка кога ја оставила камерата да ја снима за време на фоткањето.
Една од сестрите од кланот Кардашијан, Клои, неодамна издаде книга и стана еден од најпродаваните автори во Америка. После успехот на нејзината сликовница, фановите на реалното шоу “Keeping Up With The Kardashians” можеа да видат како изгледало нејзиното снимање за магазинот „Complex”. И, додека на фотките во магазинот изгледа како секс-бомба, реалноста е малку поинаква…

За да ги сними овие провокативни фотографии ја убедила нејзината постара сестра Ким Кардашијан, со цел да им покаже на „хејтерите“ кои ја нарекуваат дебела – дека не е.

31-годишната Клои ги покажа облините за кои многумина рекоа дека се неверојатни, а потоа се случи да видиме и како изгледа таа пред ретуширањето на тие фотографии, но и како изгледа кога не знае дека камерите се вклучени. Ако таа лаже, видеото не лаже. На необработените фотографии, Клои изгледа сосема поразлично. Почнувајќи од обликот на лицето, па до телото…

А, вака изгледаа фотографиите после нивната преработка во Фотошоп. Има разлика?


