Сите бебиња се преслатки, посебно во периодот кога се подготвуваат за своите први чекори. Сепак, ова девојче е вистинско чудо, бидејќи решила на ‘бебешките чекори’ да им даде сосема поинакво значење. Доколку сеуште не е, некој танцов клуб би требало да го ангажира ова неодоливо бебе кое толку слатко игра.
Себастијан Хамел ја сними својата мала ќерка Кали како игра на својот омилен ирски мјузикл „Lord Of The Dance.”
Гордиот татко вели дека забележал како Кали се воодушевува секој пат кога ќе ја слушне оваа музика, како и тоа дека се обидува да ги имитира играчите од овој мјузикл. Со помош на мала домашна камера и малку монтажа, настана видео клипот “Kali of the Dance” со повеќе од 2.000.000 прегледи.