Вака се задоволува жена!

popara6 јули, 20151min00
13

Познатата продуцентка, сценаристка и писателка, инаку хомосексуалка, Али Адлер, одлучила да им помогне на мажите да ги усреќат нивните партнерки но и да научат многу вештини за задоволување на комплицираното женско тело.

Додека јас се сексав со други жени, ти си маструбирал со брзина која е спротивна од онаа која е добра за жените. Затоа, јас сум во предност и време е да го споделам моето знаење – пишува таа.

Како најважни совети, таа ги издвоила следните:

Не биди нападен

Биди нежен, но силен – особено на почетокот. Постави темпо, но обрни внимание на нејзините насоки. Не се залетувај. Твојот јазик не е ровер испратен на Марс, да истражува копајќи по површината.

Нежно допирај и ги градите

Галењето е многу подобро од стискање. Доколку сакаш жената да биде запалена немој да се фиксираш само на градите бидејќи после некое време тоа ќе почне да ја иритира до точка на повлекување. Престани да и ги гмечиш градите цело време, макар и таа да се возбудува на грубост. Бидете понежни, но немојте ни да ја заборавате оваа важна женска ерогена зона.

Внимателно со клиторисот

Кога го допираш тој нежен дел на женското тело, внимавај рацете да ти бидат чисти, а ноктите уредни. Пристапи му со иста нежност како да допираш пеперутка. Не се задржувај премногу на тоа место бидејќи после некое време допирите стануваат болни.

Започни со прстите

Прстите нема да го уништат доживувањето кое набрзо ќе и’ го овозможиш со помош на твојот пенис. Напротив, тие ќе ти дадат слика за тоа во која состојба е твојата партнерка. Доколку нејзината вагина е влажна, тоа покажува дека е подготвена. Доколку се уште не е, токму пенетрацијата на твоите прсти ќе помогне партнерката да стигне до таа точка.

Оралното задоволување е задолжително

Огромен дел од сексот на жените им се одвива во главата. Понекогаш партнерката нема да може да се опушти заради несигурност. Тоа треба ти да го решир. Кога ќе се спуштиш долу, мора да се однесуваш дека нејзината вагина е нешто најдобро што некогаш си го помирисал и вкусил. Покажи дека ти е привилегија да бидеш во нејзината близина.

Забави го темпото

Сосредоточи се на тоа таа да постигне оргазам мислејќи дека си тип на кој му е грижа за тоа. Нормално  треба во одредени моменти да го засилуваш темпото, но остатокот од времето следи ги нејзините желби. Не може сè да се сведе само на неколку минут  секс иако и тоа е забавно. Постои и нешто што се вика сензуалност. Токму тоа е клучот за меѓусебно задоволство, а не само еднострано.

Не ги заборавај малите валкани приказни

Зборувај и’ валкано. Подготви го теренот. Присили ја да обрне внимание на тоа што се случува во тој конкретен момент. Убиј ја нејзината несигурност. Валканите зборови кои стигнуваат до ушите на жената прават чуда за нејзиното либидо.

Слушај ја

На жената најзначајна и’ е предиграта, како и тоа нејзините желби да бидат слушнати и исполнети. Обрнете внимание на движењата, изразите на лицето и слично. Тоа знае да биде тешко, но е клучно за добриот секс. Да, ние жените го сакаме сексот, поточно го обожуваме. Но, доколку направите во тој миг да се чувствуваме лошо, истиот се претвора во кошмар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *