Ванила крем коцки

29 септември, 20150
17

Состојки:
Тесто:
6 белки
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
1 пециво
Прелив:
300 мл врело млеко
2 лажици шеќер
Фил:
6 жолчки
10 лажици шеќер
4 лажици брашно
½ л млеко
250 гр маргарин
2 лажици ванила екстракт
Декорација:
2-3 шлага
50 гр рендано чоколадо

Подготовка:

Се матат белките со шеќерот. Се додава брашното помешано со пецивото и се става да се пече во намастена и набашнета тава на 200 Ц. некаде околу 5 мин.додека тестото стане светло кафено.
Се вади тестото од рерна и одма целото се боцка со вилушка и се прелива со 300 мл жешко млеко во кое има 2 лажици шеќер и се остава да се олади односно млекото да се впие во тестото.
Фил: 6 жолчки се матат убаво со 10 лажици шеќер,се додава 4 лажици брашно се мати и во смесата се додава пола литар ладно млеко и 2 лажици екстракт од ванила. Сето тоа добро се мати и на умерен оган вариме густ крем со постојано мешање.
Кремот го тргаме на страна и одма го додаваме маргаринот да се растопи во него и цела смеса ја матиме со миксер и ја оставаме добро да се олади.
Со ладен крем го мачкаме тестото и добро го израмнуваме.
Врз филот ставаме изматени 2 или 3 шлага и рендаме чоколадо.
Колачот го ставаме во фрижидер добро да се олади неколку часа пред служење.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi