Велиме “си заминувам” за да не ни ги види никој солзите…

popara20 јуни, 20151min00
04

Често велиме “не те сакам” кога сме луди од љубов.

Често велиме “мразам”, само за да си поверуваме сами на себе.

Често велиме “збогум”, надевајќи се да го видиме тој човек повторно.

Велиме “си заминувам” за да не ни ги види никој солзите.

Велиме “никогаш”, иако знаеме дека тоа ќе се случи повторно.

Велиме дека веќе не сакаме, кога ни е страв да си ги признаеме чувствата.

Велиме дека сме заборавиле, а мислата за тој човек не ни дава мир.

Велиме дека сме избришале нечиј број, а го знаеме напамет.

Велиме “сè заврши”, кога сè само што започна.

Понекогаш не можеме да кажеме “те сакам”, кога ни е страв да го слушнеме одговорот.

Молиме да ни остават сами, кога најмногу имаме потреба од некого.

Се надеваме, кога немаме никакви шанси.

Чекаме дури и кога знаеме дека веќе нè заборавиле.

Сонуваме, знаејќи дека тоа никогаш нема да се случи.