
Честопати забораваме дека и познатите личности се како нас обичните смртници. И тие се смеат, плачат, сакаат, но и губат. Ви ги претставуваме најголемите љубовни приказни од Холивуд, кои не завршиле со среќен крај, но се доволно трогателни за да ве освојат.
Британи Марфи и Симон Монџек

По многубројни неуспешни врски, Британи конечно пронајде љубов со Симон, но за жал траеше многу кратко, затоа што пејачката почина од воспаление на белите дробови и предозираност од лекови во нивната куќа. Срцето на Симон беше скршено кој почина шест месеци по својата сакана во истата куќа.
Патрик Свејз и Лиза Ниеми

Патрик и Лиза беа во брак дури 34 години, а кога се работи за Холивуд, многу е тешко да се одржи еден долг брак. Имаа свои подеми и падови, но љубовта секогаш цветала меѓу нив. За жал, Патрик почина во 2009 година од рак на цревата. Лиза остана скршена, но собра сили да работи како адвокат во друштво за борба против рак на цревата.
Хит Леџер и Мишел Вилијамс

Леџер и Мишел се запознаа на сетот за филмот „Brokeback Mountain“ и веднаш се заљубија. Се венчаа и добија бебе, но се разведоа во 2007 година. Сите се надеваа дека парот ќе се смири и повторно ќе бидат заедно, но тоа не можеше да се случи затоа што Леџер почина во 2008 година, од случајно предозирање со лекови. Иако веќе не беа заедно, Мишел изјави дека таа сонувала пак да бидат заедно.