Најпознатата старлета во светот Ким Кардашијан изгледа феноменално но тоа не е случајно, туку затоа што многу внимава на исхраната.
Таа откако се породи води битка со вишокот килограми, па затоа секое утро станува во шест часот и денот го започнува со трчање.
Живеам во ограничена заедница со многу патеки на кои што трчам. Доколку не трчам надвор, тоа го правам на лента во теретана, која што е на другата страна од мојот дом. Вежбањето ми трае 1 часи 15 минути вкупно. Трчам 35 минути на лента, а кога ќе завршам, работам стомак и нозе“, вели Ким и додава дека тренингот завршува пред да се разбуди нејзината ќеркичка.
Што се однесува до нејзината исхрана, еве како отприлика изгледа едно нејзино дневно мени:
Појадок
„Се обидувам да појадувам набрзина, пред да се разбуди Норт. Тогаш брзам и го проверувам мониторот. Најобично јадам омлет или протеински шејк со овошје. Канје сака да се храни здраво и секогаш е на различна диета. Тој има свој готвач кој доаѓа наутро и ни го прави појадокот и она што ќе го јадеме во текот на денот. Почнавме да посетуваме и нутриционист кој ни ги менува диетите на секои десет дена.“ вели познатата старлета.
Ручек
Ким обично руча околу 1 часот, на пауза од снимањето на риалитито.
„Сакам кога готвачот ќе ми го спреми јадењето, затоа што така е поздраво. Тоа најчесто е обична риба и зеленчук или пилешко и зеленчук“, вели сопругата на Канје Вест.
Ужина
Ким обично зема ужина околу 3 часот и таа најобично се состои од путер од кикирики или путер од бадеми,
Вечера
Во царството на Кардашијан се вечера во 7 часот
„Обично јадам зеленчук со риба или пилешко, како и за ручек“. Но како и сите обични смртници, така и на Ким често и се случува да ја прекрши диетата. Не ги сакам коктелите и десертите. т.е. не би сакала да ги сакам“, вели таа
Една од слабостите на Ким Кардашијан е и ладниот чај. „Пијам многу ладен чај, но и него го намалив во последно време. Бев многу зависна од нив. Сега се обидувам да испијам само еден неделно, Инаку, не пијам кафе, односно само кога сум изморена од патување и тоа еднаш во месецот. Се обидувам да пијам колку можам повеќе вода. Откако ќе добиете дете, се мора да биде колку е можно почисто, сакам да и бидам пример на својата ќерка и да бидам природна и здрава. Тоа е одлуката која што Канје и јас ја донесовме.“