Јордан Орам е кинематограф од Торонто кој побарал од 8 непознати луѓе да учествуваат во неговиот социјален експеримент – да се бакнат без претходно запознавање и со заврзани очи.
Постојат многу слични експерименти како овој каде тотално непознати луѓе се сретнуваат за прв пат и споделуваат бакнеж, но она што е поразлично во ова видео е како што објаснува Орам „ниту едно од тие видеа не ја објаснува причината зошто тие луѓе се бакнуваат“.
Причината за ова видео: Што ако имате можност да ја сретнете личноста во која може да се вљубите по само еден бакнеж? Што ако започнете да градите однос по бакнежот, а не по првото запознавање?
Што мислите вие?