
Оваа видео снимка која што доаѓа од Полска покажува што се случува кога еден автомобил ќе се забие во друг со брзина од 200 километри на час.Иако на македонските патишта е забрането движење со толку голема брзина, сепак видеото може да биде доста поучно со оглед на тоа што ниту двојно помала брзина не значи дека нема да го стави вашиот живот во голема опасност.
На видеото може да се види што се случува кога автомобил со брзина од 200 км/ч ќе се забие во друг автомобил. Не само автомобилот, туку и бетонските блокови кои се наоѓаат во близина „летаат“ неколку метри наназад после страшниот удар.
https://www.youtube.com/watch?v=znDw4iSEObQ