
Странските медиуми ја објавија веста, за непознат човек, како се обидува да побегне од Бакингамската палата. Најбизарното во целата приказна е тоа што типот е апсолутно гол. Поточно, има на себе еден чорап.
Тој се обиде да се спушти со јаже кое е направено очигледно од чаршаф. Во тоа не успеа. Но успеа да падне во дворот од палатата. Никој не знае за што се работи, ниту дали е човекот повреден. Портпаролот на палатата одби да го коментира видеото.
https://www.youtube.com/watch?v=NQTBepU7D0U