Дамите и господата од борделот “Oaza”, вчера присуствувале на венчавката на својата омилена колешка, 28-годишната Луција. Оваа проститутка по само два часа секс била запросена од 58-годишниот милионер Клаус Швајкерт.
Тоа било љубов на прв поглед или допир, но сè личело на холивудската романса од филмот “Pretty Woman”. Во овој случај, Ричард Гир бил австрискиот инженер Швајкерт, а Луција на вечна љубов се заколнала на својот матичен чешки јазик вчера во 14 часот, пишува виенски Ostereich.
“Ова беше најдобрата одлука во мојот живот”, изјавил возбудениот и среќен младоженец, само неколку минути пред да застане пред олтарот.
Швајкерт заработил милиони како инвеститор, но себе се опишува како скромно богат. Сега живее во малиот град Валдвиертел и има своја компанија. Како што е редот, тој со својот “Rolls Royce” дошол по младата пред нејзината куќа, но овој случај јавна. Нејзините пријатели и колеги од борделот ги сместил во шест автомобили, па свадбената поворка тргнала на венчавката која се случила во еден локален ресторан.
“Луција изгледаше прекрасно, ова е како сон”, рекол воодушевениот Клаус по свадбената церемонија.
Меѓутоа, неговата сопруга не сака да се откаже од својата работа и на прашањето дали ќе го напушти местото “под црвените фенери”, таа рекла:
“Не, никако, ќе продолжам да работам”, изјавила одлучно невестата.