
На една ливада стоеја Љубовта и Самотијата и набљудуваше еден млад заљубен пар.
Самотијата и рече на Љубовта:
-Се обложувам дека ќе ги разделам.
Љубовта возврати:
-Почекај само малку! Дај ми да проверам само една работа кај нив, а после тоа можеш да отидеш кај нив колку пати сакаш.
Самотијата се сложи со тоа. А Љубовта се приближи до нив,ги погледна во очите и го виде сјајот во нив.
Се врати назад и и рече на Самотијата:
-Ајде, сега е ред на тебе.
-Не,- одговори Самотијата,- Сега ништо не можам д анаправам,сега нивните срца с еисполнети со љубов. Ќе дојдам малку подоцна.
Помина некое време и Самотијата наврати покрај куќата на оној заљубен пар и ги виде младиот татко и младата мајка со новороденото бебе. Самотијата с енадевала дека тогаш ќе ги напушти љубовта и пречекорила преку нивниот праг. Но погледнувајќи во нивните очи,таа виде само Благодарност.
Се сврти назад и рече:
-Ќе дојдам подоцна…
Помина уште доста време и Самотијата се појави повторно пред нивната врата и го слушна детскиот врисок. Таткото туку што се вратил од работа уморен, а мајката ги успивала децата. Самотијата се надеваше дека овој пат ќе може да ги раздели и си рече:“Помина толку време и Љубовта и Благодарноста досега може ги напуштиле нивните срца. „Но,им погледна во очите,таа сега во нив виде Почитување и Разбирање.
-Ќе дојдам подоцна, рече и овој пат се сврте и си замина.
Повторно помина многу време. И Самотијата, по навика, повторно се појави пред домот на заљубените. Забележа сега дека децата им се пораснати. Остарениот татко им објаснуваше нешто на синовите, а мајката спремала вечера во кујната. Загледувајќќи се во очите, Самотијата повторно се разочара, гледајќи во нив Доверба.
Помина најмногу време оттогаш. И Самотијата уште еднаш наврати во нивниот дом. Забележала дека сега внуците си заминуваат од куќата, а покрај каминот седи растажена и изнемоштена старица. Самотијата погледнала и рекла:
-Тоа е тоа,конечно дојде мојот момент!
Сакаше да и погледне во очите и да се увери, но во истиот момент старицата стана и излезе од куќата. Самотијата тргна по неа. Некогаш млада девојка, а сега стара жена, стигна до гробиштата и седна покрај еден гроб. Тоа беше гробот на нејзиниот сопруг.
-Изгледа дека сепак задоцнив – рече Самотијата. – Времето го довршило тоа што беше моја задача.
Дури тогаш Самотијата се загледа во расплаканите очи на Старицата и во нив виде СПОМЕН: Спомен на Љубовта, Благодарноста, Почитувањето, Разбирањето и Довербата.