Се заљубив, а и тоа се случува. Сметав дека сопругата никогаш нема да дознае.
Беше среда. Седеше пред огледалото и се дотеруваше. Од обична домаќинка, се претвораше во чудесно убава, префинета дама.
– Не знаев дека имам така убава сопруга – се обидував да и се умилкувам.
Ме погледна зачудено.
– Сериозен сум, навистина… се плеткав уште повеќе.
Се спрема за некаде, си помислив. Дали и ТАА има можеби некои тајни?
– Каде ќе одиш?
– Ќе одам кај Силвија да и ја кажам вистината за тебе – одговори.
Пребледев немоќен и парализиран од страв.
– Вистината за мене??? … едвај изустив.
– Да. Како си добар сопруг, внимателен, нежен, одличен љубовник, грижлив, образован, згоден, талентиран….
– Чекај, чекај. А зошто одиш тоа да и го кажеш? Има ли уште нешто, или…?
– Да, имам. Уште денес нека дојде по тебе. Нека те има. И ја подарувам СРЕЌАТА. Млада е и убава, заслужува добар маж.
Само не знам што ќе каже на тоа нејзиниот сопруг?
Ме фати несвестица која доаѓаше од желудникот, ме гушеше и ми предизвикуваше слепило на очите….
– Не ли знаеше дека е мажена?- слатко се насмевна веќе спремна, стана и излезе.
Никогаш повеќе не се врати мојата сакана и мила сопруга.
А Силвија остана покрај својот сопруг.