Судијката од Флорида, Минди Гразер и нејзиниот долгогодишен школски пријател Артур Бут се сретнале многу години по завршувањето на училиштето во малку поинакви улоги.
Откако ја видел својата поранешна пријателка, Артур емоционално се скршил и непрекинато извикувал „Господе!“
Судијката му се обратила на Артур со зборовите: „Жал ми е што те гледам во својата судница. Од секогаш се прашував каде те однел животот. Се надевам дека ќе бидеш добро“.
Како што известуваат локалните медиуми, 49-годишниот Артур е обвинет за грабеж, бегање од местото на злочинот и противење при апсење.
Во продолжение погледнете го видеото:
https://www.youtube.com/watch?v=I5CMh8SMjOw