Возите ли на резерва?

popara22 мај, 20151min00
5

Експертите од автомобилската индустрија и производителите едногласно потенцираат дека возењето со мало количество на гориво во резервоарот е штетно за возилото и препорачуваат редовно дополнување до полн резервоар поради избегнување на скапите дефекти.

Дали сте и вие застапници на оваа филозофија или сте сепак еден од многуте “возачи на резерва”?

Не е никаква тајна дека возењето на резерва, т.е. со мало количество на гориво во резервоарот му штети на автомобилот, меѓутоа многу луѓе се подготвени за ваков ризик, а познати се и бројни екстремни случаеви на возачи на кои им прегорела сигналната лампа за резерва како резултат на ваквиот стил на возење.

Кога нивото на гориво се приближува до долниот крај, автомобилот автоматски го доведувате во ризик. За почеток, пумпата во моторот може да вовлече нечистотии кои се собираат на дното на резервоарот со што може да дојде до запушување на бризгалките односно дизните.

Освен тоа, во многу автомобили горивото ja лади пумпа за гориво, а кога нивото ќе се спушти под четвртина може да дојде до прегревање и постои опасност од откажување на пумпата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag