
Хана Комбс неколку месеци трпела насилство во училиште. Еден ден, додека се враќала дома, некој и ставил лепак на косата.
Силниот хемиски лепак и` ја запалил косата и довел до изгореници од прв степен. Повикани биле и нејзините родители кои веднаш ја пренеле во болница. Нејзиниот татко, воено лице во пензија, бил огорчен поради недостигот на одговорност кај школскиот персонал.