YouTube канали кои треба да ги следите

popara13 декември, 20152min00
3

Кога имате слободно време и сакате да се насмеете, да видите некакви модни комбинации, да побарате некоја нова диета или вежба – YouTube е местото за вас. На овој веб-сајт има премногу информации, па тешко е да се одделат добрите од лошите. На YouTube има многу талентирани луѓе кои постираат видеа со совети на различни теми. Можете да најдете совет од експерт во сите сфери, почнувајќи од мода до видео игри. Сè што треба да направите е да ги најдете правилните канали. За да си го олесните животот, погледнете ја оваа листа на најдобрите гуруа на YouTube.

Убавина и шминка – Michelle Phan

Michelle Phan има над 6.1 милиони следбеници. Таа има околу 200 видеа со супер туторијали за шминкање, како и туторијали поврзани со психологија на животот, на пример “Girl’s Guide to Starting Over”, кој не советува како да го преболиме раскинувањето. Michelle е шармантна млада дама и супер презентер. Го работи ова веќе 5 години, затоа квалитетот на постарите видеа е малку лош – но, тоа и не е толку важно. Michelle е добар наратор, нејзиниот глас е нежен и мелодичен. Секоја млада жена може да научи нешто корисно од оваа позитивна девојка.

Мода – Beautycrush

Beautycrush има повеќе од 1.1 милион следбеници и околу 300 видеа поврзани со стил, шминка и мода. Креаторот на овој канал е Sammy. Таа е стилист од Лондон кој ќе ви помогне со изборот на облека, а воедно ќе ја спои и одличната шминка. Таа дава совети кои ги охрабруваат сите да се чувствуваат удобно самите со себе и да го пронајдат сопствениот стил. Ќе научите како да си го сакате телото, како да најдете стил кој одговара на вашиот карактер и вашата градба.

Технологија и наука – Kipkay

Kipkay има 1.7 милиони следбеници и околу 200 видеа со едноставни совети кои можат да ви користат во домаќинството. Ќе научите нови работи и ќе видите супер туторијали поврзани со ласери, мобилни телефони, далечинси управувачи, слушалки, батерии и многу повеќе. Можете да научите како да направите шпионски гаџети. Вреди да го видите овој YouTube канал.

Хумор – Jenna Marbles

Jenna има околу 13.1 милиони следбеници и околу 200 видеа кои се гледани по милион пати. Некои од нив имаат и по 50 милиони “views”. Jennaсе смета за еден од најдобрите гуруа на YouTube. Таа е паметна и многу смешна – едноставно не може да не ви се допадне. Многу луѓе се заразени од нејзиниот саркастичен хумор и од нејзината енергија.

Комични скечови – Nigahiga

Nigahiga има повеќе од 12 милиони следбеници, повеќе од 200 видеа кои се гледани кои достигаат 2-3 милиони гледаност. Ryan Higa прави видеа кои ги исмеваат трејлерите за филмови, рекламите и музичките видеа. Тој прави видеа кои му ги предлагаат неговите фанови како “How to be a Ninja” или “How to be Emo”. Погледнете го неговиот канал кога ќе сакате да се релаксирате и да се насмеете.

Готвење – Jamie Oliver

Jamie Oliver има 750,000 фанови и 660 видеа. Повеќето од вас веќе знаат кој e Jamie Oliver, тој е дел од готвачката сцена веќе некое време. Овој енергичен британец се стреми кон здрава храна и има супер готвачки вештини. Jamie е добар презентер и добар учител кој му нуди на гледачот многубројни рецепти, од традиционални и едноставни јадења, како стек и печени компири – до егзотични рецепти за храна и коктели. Многу од рецептите се вкусни, здрави и лесни за приготвување.

Фитнес – Omar Isuf

Omar Isuf има над 190.000 фанови и повеќе од 500 видеа поврзани со фитнес. Omar e интересна комбинација од комичар, мотивационен говорник и фитнес тренер. Има многу видеа за анатомија и спорт каде се појавува на голема табла и навлегува во детали на различните фактори кои се вклучени во изведувањето на вежбите, како и работата на мускулите. Omar верува дека сите треба да се стремат кон сила и тренинг. Во неговите видеа има совети за диета, вежбање и планови за вежбање како за качување на килограми, така и за симнување на истите. Има многу информации како жените да станат повитки и посилни. Omar е еден од најдобрите во неговата област.

Гејминг – TotalBiscuit

TotalBiscuit има повеќе од 1.6 милиони гледачи и пвоеќе од 2.500 видеа за гејминг. John Bane, или The Cinycal Britкако што многу го нарекуваат, е коментатор на видео игри кој е полн со корисни информации за нови игри. Тој дискутира за игри кои се играат преку Steam, последните вести поврзани за оваа индустрија и негативни трендови во истата. Ако се мислите дали да си купите некоја видео игричка, па сакате да се информирате – посетете го овој канал.

Филм и забава – CinemaSins

CinemaSins има над 1.9 милиони фанови и околу 150 видеа. Креатори на овој канал се Chris Atkinson и Jeremy Scott кои веруваат дека секој филм без разлика колку е популарен и добро прифатен – не е безгрешен. Овие грешки се поврзани со недостиг на реализам, во меѓувреме кршејќи ги физичките закони, нелогични секвенци, лоша глума итн. Погледнете ја неговата серија видеа “What’s the Damage” каде пресметуваат колкава штета е направена во филмот и колку вредат предметите кои се уништени во одредени сцени.

“Направете сами” – Ron Hazelton

Ron Hazelton има 8.000 следбеници и многу многу корисни информации. Ron има добри совети да ви понуди за домаќинството и работи кои можете да ги правите дома. Неговите совети се доста едноставни и лесни за следење. Од градење на куќичка за кучиња до ефтини и брзи совети за реновирање на вашата бања. Ова е одличен канал за секој кој сака да си го разубави домот без да потроши многу пари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag