Секој хороскопски знак на свој начин ја доживува љубовта, секој од нив ја изразува само на себе својствен начин. Емоциите кај едните се подлабоки, кај другите површни. Едните ќе ви дадат втора шанса, другите без компромис ќе ви кажат Збогум и ќе ви го скршат срцето…
Овен
Овните се немирни и љубопитни, имаат постојана потреба за освојување и игри. Брзо го губат интересот за оние кои до крај им се отворат, па затоа често го подаруваат своето внимание на таинствените,понекогаш и неискрени личности. По мила им е слободата отколку компромисот, посебно во младоста, не се флексибилни и за раскинување на врската одлучуваат наеднаш, често без зборови. Доколку сакате да го задржите, заборавете на надмудрувањето и контролирањето на неговите постапки или пак на монотоното, речиси досадно однесување.
Бик
Бикот е стабилен и цврст, обожава сигурност, блискост и доверба. Доста се издржливи, но доколку ја преминете одредената граница, реагира како вулкан, што ни сам не го очекува. Бикот сака сериозна и јасно дефинирана врска. Верни се и очекуваат верност од партнерот. Овој знак се задоволува со едноставни работи во врската. Многу тешко се отвара пред други луѓе, но ако еднаш го натерате да прозбори, тогаш на муабетот му нема крај. Не ја сакаат несигурноста, неизвесноста, па дури и најмал сомнеж дека можат да бидат оставени. Заминуваат тивко, со жалење,после долго размислување. Кога еднаш одлучат, не постои начин, а ни личност поради кои ќе се предомислат.
Близнаци
Близнаците се ведри и насмеани. За нив љубовта е предизвик, игра, ама ретко трајна, бидејќи слободата им е помила од се. Раскинуваат поради досада, љубопитност, за да видат што ќе се случи, поради потребата за слобода или ако се заинтересираат за некој друг. Ама секогаш убедливо, толку многу да и самите поверуваат во тоа. Шармот ги спасува од бесот на оставениот партнер, кој најчесто се сеќава со одредени симпатии на него. Ако одлучат да останат во врска, партнерот е вистински среќник, па може да им прави што ќе посака.
Рак
Раковите се емотивни и чувствителни, спремни се на најголема жртва како би ја задржале саканата личност покрај нив, дури и кога е лоша и исцрпувачка. Раскинуваат со солзи и спремни на компромис. Единствено може да ги натера засекогаш да си заминат е лошиот однос на партнерот кон неговото семејство или одбивањето на заеднички живот. Кога дојде до крајот, и покрај болката и лутењето, во сеќавање им остануваат само добри спомени. Ретко се случува да зборуваат за својата врска, а ако нешто кажат, тоа ќе биде само најдоброто.
Лав
Лавовите се достоинствени и горделиви и не дозволуваат никој да им се спротистави. Раскинуваат кога им е повредено егото, не дозволуваат никој да ги остави бидејќи за нив тоа значи понижување и отфрленост. Први се во се, па така и во проценувањето и конечниот потег кога треба да остават некој. Обожаваат да бидат во центарот на вниманието, тие се центарот на Универзумот и не дозволуваат конечното “збогум” да помине незабележливо. Кај нив се е драматично, па така и самото раскинување, кое ги наведува на непочитување на правилата и неодобрување на постапки.
Девица
Најчесто Девиците се тие кои се оставени. Но кога се одлучат на тој пресуден чекор, тоа е поради чувството на инфериорност. Ако не се случи некоја траума, преферираат мирно и разумно раскинување отколку правење сцени пред другите. Помеѓу љубовта и обврските секогаш ги избираат обврските, бидејќи материјалната состојба им е важна. Во љубовта се искрени, па настојуваат да бидат такви и при раскинувањето. Ќе се повлечат без многу зборување, на што ги наведува неорганизираниот начин на живот на партнерот, неговата склоност кон драми и потенцијални проблеми.
Вага
Вагите се хармонични, убави и друштвени, тие не прифаќаат услови, ограничувања, нетолерантност, па често освен губењето на емоции и блискост, да стават крај ги наведува и несогласувањето со вашите постапки. Пред да ви каже збогум, ќе ви даде уште една шанса и ќе проба да ги среди односите, најчесто партнерот да свати дека врската нема перспектива, па Вагите да се ослободат од непријатната одговорност за објаснување. Раскинуваат културно и тактично, како што и доликува на нивниот знак,со ризик дека тоа другиот нема да го доживее како искреност туку како извлекување.
Шкорпија
Шкорипиите се таинствени, мистични и деструктивни, не оставаат, тие просто уништуваат се пред себе. Дури и кога тоа не е потребно. Нивната сила често е нивниот најголем непријател. Стравовите, сомнежите, посесивноста и љубомората неизбежно ги доведува до точка кога љубовта престанува. Очекуваат бескрајна посветеност и верност, па доколку ги изневерите спремни се да се осветат. Доколку причината за крај е недостатокот на сексуалност,привлечност или премалку предизвици, тие едноставно исчезнуваат, бидејќи не доликува на нивниот карактер пристојно и трезвено да се разјасни целата ситуација и да се разделат во мир.
Стрелец
Стрелците се жешки, променливи и желни за авантура и предизвици. Многу тешко се врзуваат само за една личност на подолго врее, посебно во младоста. Себеси се сметаат за космополит и прават се за да бидат над се што припаѓа на секојдневието. Ако партнерот повеќе не го стимулира на нови предизвици,многу лесно продолжуваат понатаму. Реагираат доста импулсивно и заминуваат без многу објаснувања. Кога ќе се смират работите, се враќаа на “местото на злосторството”, спремни да разговараат разумно и сталожено.
Јарец
Овој знак тешко донесува одлуки како за крај, така и за почеток на врската. Кога еднаш се најдат во озбилна љубовна врска, со цела своја сила,трпение и чувства вложуваат во неа. Но спремни се и да се откажат кога почувствуваат потреба да бидат сами или пак кога мора да се одлучат помеѓу љубовта и кариерата, која им е најважна. Бидејќи по темперамент не се склони кон отворање на срцето и признавање на најдлабоките чувства, повеќе заминуваат тивко и без објаснувања. Тоа не значи дека ќе исчезнат, туку дека своите намери ги покажуваат индиректно преку одсутноста и нервозата.
Водолија
Модерна,бунтовна и револуционерна, Водолијата го живее секој миг различно од другите околу себе. За крај е доволно да се разбудат едно утро и да заклучат дека врската во која се наоѓаат повеќе нема смисла. Но на тоа се одлучуваат кога ќе осетат притисок и обврски на кои не се спремни. Раскинуваат директно или прифаќаат работни понуди поради кои ќе мораат да се иселат. Дури и кога ќе паднат тешки зборови, ќе пробаат разумно да ги објаснат своите причини со намера да останат во пријателски контакт. Идеален крај за нив е разговор во кој ништо нема да остане нерешено.
Риби
Вечните сонувачи, идеалисти и емотивци. Живеат за други, да сакаат и да патат. Се впуштаат во се со срцето, па воопшто не изненадува што раскинувањето го доживуваат многу емотивно, дури и трагично и тогаш кога не би требало. За нив раскинувањето е лични пораз, драма во која ја губат сигурноста која толку многу ја сакаат и со цело срце ја градат. Фантазиите и соновите ги доведуваат до разочарување и до горката вистина дека нивниот партнер не е идеален. За раскинување ги наведува нетолеранцијата спрема нивната склоност кон фантазирањето и барањата да се спуштат на земја, како и ставање на чувствата во втор план, кои за нив се најважни на светот.