За само 15 години нè очекува ново ледено доба?!

popara14 јули, 20151min00
18
Поради промените во циклусите на сончевата активност, нашата планета веќе во 2030-тата година би можела да се соочи со “мини ледено доба”, тврдат научниците во студијата која ја објави британското Кралско астрономско друштво.

Тие веруваат дека во наредните години ќе настапи период на послаба сончева активност, познат како голем соларен минимум.

Всушност, тие предвидуваат дека помеѓу 2030-тата и 2040-тата ќе дојде до намалување на сончевата активност за 60 отсто, што ќе доведе до кратко ледено доба, слично на она кое што ѝ се случило на планетата Земја во периодот од 1645-тата до 1715-тата година.

Тој временски период, наречен уште како мало ледено доба или Маундер минимум, немал големо влијание врз глобалната клима, но бил поврзан со исклучително остри зими во Европа и Северна Америка. Поради големите студови замрзнала дури и реката Темза.

Новиот научен модел е пресметан врз основа на динамо ефектот на два слоја од материите во составот на Сонцето.

– Со комбинирање на ефектот на брановите и споредбата со расположливите податоци од моменталниот сончев циклус, нашето предвидување покажува 97 отсто точност, навела професорката Валентина Жаркова, која што своите заклучоци ги претставила на собирот на Кралското астрономско друштво во велшкиот град Ландудно.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *