
Вероника Ваира, поранешна Плејбој зајачица, откри сочни детали за својата љубовна врска со поранешната фудбалска ѕвезда Диего Марадона (54), еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Славниот фудбалер, познат по прекарот „Божјата рака“, според зборовите на Ваира е одличен и страствен љубовник.
– Работам во Кордоба и настапувам во разни шоу програми. Во моментот кога го сретнав Марадона бев сама. Ми помогна , беше сјаен. Тој тогаш ми кажа дека и тој е сам.
Јас инаку не се плеткам со оженети мажи, но не му замерувам. Тој е чиста десетка како љубовник и беше кавалер – додала жената која поради специфичниот изглед ја нарекуваат и „човечката Барби“.