Запознајте го „најплодниот маж во Европа“ Ед Хубен, кој досега има 106 деца и не планира за застане

popara5 октомври, 20151min00
10

Ед Хубен заслужено ја носи титулата „најплодниот маж во Европа“. Верувале или не, тој досега има зачнато 106 нови животи и не планира да престане. Неговата цел е да им помогне на колку што е можно повеќе луѓе да добијат дете. И го прави сето тоа бесплатно.

46-годишниот Холанѓанец, кој често е нарекуван „сперминатор“, е донор на сперма од 2002 година. Тој најпрво донирал во банки за сперма, но откако ја достигнал легалната граница, започнал да донира на „традиционален начин“. Сега Ед ги нуди своите услуги дома, забременувајќи ги жените по природен пат, т.е. преку секс.

Целта на Хубен е да им помогне на сите жени и парови кои сакаат да имаат дете. „Кога ќе слушнев за луѓе кои сакаат да му дадат на дете шанса за живот и многу љубов, а кога таа желба не можеше да биде исполнета, бев многу тажен“ – вака на својот сајт Ед објаснува зошто станал донор.

Но, доколку некој ја посакува помошта на Ед, прво треба да го убеди дека детето кое тој ќе го зачне ќе биде среќно во иднина.

03

Хубен има отворен ум и не дискриминира ниту една жена. Тој им има помогнато и на жени со инвалидитет и хендикеп и вели дека жените се совршени. „Сите жени се совршени. Само што физички некои се посовршени од други“ – вели тој.

За да го намали ризикот од инцест, тој чува список со сите мајки со коишто има спиено. „Ако понатаму во животот некое од моите деца сретне личност со непознат татко, ќе може да го консултира мојот список“ – објаснил тој.

Хубен во моментот има 46 години и планира да продолжи да ги нуди своите услуги додека да наполни 50. Благодарение на него досега се родени 106 животи не само во земјите низ Европа, туку и во држави како Бразил, Австралија и Јапонија.

05

 

https://www.youtube.com/watch?v=QT85SHYGeK4

https://www.youtube.com/watch?v=GX3w0Kng9T0

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag