Запознајте го првиот човек кој влезе во „Вратата на пеколот“

popara11 мај, 20151min00
Запознајте го првиот човек кој влезе во „Вратата на пеколот“

Светски познатиот истражувач Џорџ Корунис е првиот човек кој се симна во огнената јама позната под името „Вратата на пеколот“.

Овој Канаѓанец бил дел од првата експедиција која се упатила во јамата со пламен во оддалечен дел во Туркменистан.

Огнениот кратер кој официјално се вика Дарваза гори веќе 40 години по незгодата која ја предизвикале советските научници кои сакале тука да го запалат вишокот на природниот гас.

Јамата е длабока 30 метри, а темепратурата изнесува над 1.000 степени Целзиусови.

Кога Корунис дознал дека Владата на Туркменистан сака да го изгасне огнот кој гори во јамата, решил да ја посети оваа неверојатна локација.

Тој досега одел на експедиции за истражување на вулкани, а ова за него бил дополнителен предизвик.

Со посебна опрема и специјален костим екипата го спуштила во отворот на кратерот во кој поради екстремната топлина можел да издржи само 15 минути.

– Не знаев што ме чека, а кога конечно застанав на самото дно на оваа јама, ме преплави неверојатно чувство, бидејќи се наоѓав на местото каде што никој претходно не стапнал – изјавил Корунис.

https://www.youtube.com/watch?v=iq8F7DFjpDk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag