Како пејач, актер и бизнисмен е неуморен и успешен, но неодамна се реализираше и како родител, за што вели дека е најубавото нешто што му се случило во животот.
Пејачот гостуваше во шоуто „The Tonight Show“ кај Џими Фелон, каде откри колку многу ужива во татковската улога синот Силас , кој се роди во месец април.
Исто така тој покажа фотографија и од својата прекрасна сопруга Џесика Бил како го држи нивното преслатко синче.