Запознајте ја Хуанита, таа има 10 месеци и 20 килограми

popara15 јануари, 20151min00
Запознајте ја Хуанита, таа има 10 месеци и 20 килограми

Бебето Хуанита е старо само 10 месеци, но има килограми колку што е нормално за едно петгодишно дете. Поради ова постои ризик таа да заболи од разни болести. Најчудното од сè, кога се родила всушност била слабичка.

1-zapoznajte-ja-huanita-taa-ima-10-meseci-i-20-kilogrami-kafepauza.mk

Хуанита Валентина Хернандез се родила со само 2,7 кг, но таа се развивала побрзо од останатите деца, па по само неколку недели веќе почнала да се дебелее. На 10 месеци достигнала телесна тежина од 20 килограми, додека за децата на таа возраст просечната тежина изнесува 8-10 кг.

Зошто девојченцето почнало да се поправа не знае ниту нејзината мајка.

„Уште на 15 дена стана буцкаста, но се роди многу слаба“, вели нејзината мајка, Сандра Франко од Колумбија.

Оттогаш почнала да се дебелее, постигнувајќи ја килажата што ја има денес, што е многу опасно. Сандра додава дека досега не можела да ја лекува бидејќи била невработена и во финансиска криза.

2-zapoznajte-ja-huanita-taa-ima-10-meseci-i-20-kilogrami-kafepauza.mk

Минатиот месец една добротворна организација од Колумбија решила да ѝ помогне на Хуанита. Иако нема ни годинка, девојчето се соочува со опасна иднина ако килажата продолжи да расте. Во организацијата велат дека потребно е да се интервенира што поскоро за да се спречи појава на болести кои се поврзани со дебелината, а кои би можеле да ѝ го загрозат животот на Хуанита. Тие истакнуваат дека нејзината килажа е надвор од сите граници и тоа е за неа огромна трагедија.

Кај бебињата со прекумерно дебелеење можат да се развијат следните симптоми: Прадер-Вил синдром, кој предизвикува непрекинато чувство на глад, Кушингов синдром, кој го подигнува нивото на кортизол, предизвикува стрес и доведува до дебелеење, Беквит-Видеман синдром, кој е познат како синдром на дебелеење.

3-zapoznajte-ja-huanita-taa-ima-10-meseci-i-20-kilogrami-kafepauza.mk

Минатиот месец Хуанита е префрлена во болница во Богота каде сега за неа се грижат доктори-специјалисти. Тие ќе ја пронајдат причината за дебелеењето кај Хуанита.

Инаку ова не е осамен случај во Колумбија. Хуанита е трето бебе за една година чијашто тежина преминува 20 кг. Таа е трето бебе за година-дена чијашто тежина надминува 20 кг. Илјадници деца во оваа земја патат од дебелина и уште милиони други во светот.

 

https://www.youtube.com/watch?v=FAmbzGeVvbc

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag