Миа Морина е дел од 12те учесници во првото македонско музичко реално шоу “На иста адреса“.
Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за Миа, слушнете што вели таа за себе:
Јас сум родена во Гостивар, Македонија 03.03.1990. Ние сме пет членови во семејството и живееме во истиот град. Основно и средно училиште завршив во Гостивар а студии за Бизнис Економија во Тетово.
Со музика се занимавам одсекогаш. Од мои 5 години сум пеела и во детски фестивали но мојата прва студиска песна е остварена во 2011. Мојот талент нормално го открија моите најблиски и семејството.
Моето семејство секогаш биле најголема мотивација и подршка.
Доброто нема крај, успехот нема граници, искуството е се, затоа решив да го имам во архивата на мојот живот и овој толку убав спомен.
Бев во Х Фактор Албанија каде што стигнав до live shows.
Се надевам ова жртвување додека сме далеку од своите најдраги и сета оваа голема работа да излезе успешна и дека ќе се цени на најправилен начин. И како сите што сме тука, и јас очекувам да победам зошто да не.
Ако бидам победничка на ова шоу ветувам и сигурна сум дека ќе работам многу за да и возвратам на публиката за цела подршка што ми ја даваат, работејки нови проекти и песни.
Нормално сите ние сме тука имаме голема желба да бидеме дел од последните недели на големото финале. Верувам дека ке успеам.
За многу кратко време ние се зближивме многу. Зборуваме, се смееме многу..ние сме едно големо семејство. Понекогаш може да се почуствуваат и тензии од стресот што го имаме но тоа ни поминува брзо и се забавуваме многу. Се надевам дека вака ќе биде до крај!