
На фотографиите на оваа згодна убавица сигурно сте наишле на социјалната мрежа Инстаграм, но дали знаете која е таа? Станува збор за Анастасија Квитко, руска моделка и новата кралица на Инстаграм.
![]()
По раскошните облини на Анстасија воздивнуваат многу машки обожаватели ширум светот, но за неа се знае многу малку. Како модел таа неодамна се појавила во спотот на една руска рап група, каде ја покажа својата раскошна фигура и лице на ангел.

Анастасија исклучиво води сметка за својата фигура, па честопати може да се види како таа промовира разни продукти и корсети за затегнување на половината. Дали адутите на оваа Русинка се природно или се дело на естетската хирургија не е познато, но на нејзините фанови тоа не им е важно, бидејќи таа е вистинска убавица од глава до пети. Таа соработува со бројни фотографи на Инстаграм на кои со задоволство им позира во секси долна облека и во предивикувачки пози.
![]()
Со оглед на големото влијание на социјалните мрежи, Анастасија може да оствари голема кариера на модел и да добие бројни ангажмани и понуди.

