Згодни во хеланки?! 6 вежби за потенки нозе!

popara19 декември, 20151min00
8

Кој не се восхитува на линијата на балерините и нивните тенки нозе? Токму поради тоа овие совети за тенки нозе се позајмени од техниките кои тие ги користат. Не ви е потребна никаква опрема, само добра волја и убаво истегнување за по некое време да можете гордо да ги облечете омилените хеланки и да ги покажете вашите нозе.

Подигната нога нанапред

Ова е варијација на потегот во балет наречен battement, кој го обликува предниот дел од ногата и мускулот на колкот, давајќи им дефиниција на едни од најслабо развиените мускули на женското тело. Со кревање на ногата креирате обликувани и издолжени мускули, а не големи и издадени нанапред.

Почнете така што ќе го потпрете грбот некаде каде што можете да воспоставите добар баланс, на пример, трпезариската маса.

Движете се така што ќе ја истегнете ногата, заедно со стапалото, и  дигајте и спуштајте 20 пати. Потоа стапалото ставете го во флекс позиција и повторно дигајте и спуштајте 20 пати. Истото повторете го и со другата нога.

 

Дигање на ногата наназад

Во балетот овој потег е познат како arabesque. Се работи на истиот принцип како и кога кревате нанапред, но сега се работи на задните и горните мускули на ногата. Додека ја правите оваа вежба треба да почувствувате контракции по должината на целата нога.

Почнете така што ќе застанете на страна, придржувајќи се со десната рака на нешто, така што ќе воспоставите баланс. Левата рака нежно потпрете ја на левата нога.

Најпрво свиткајте го малку левото колено и истегнете ја десната нога, заедно со стапалото и кревајте наназад 20 пати. Повторете го истото во флекс позиција на стапалото, потоа сменете ја страната и истото направете го со другата нога.

Прва позиција во балетот (позната како pliè)

Плието е без сомнение најпозната позиција во балетот, а тоа не е така без причина. Тоа е одлична вежба за целите нозе, делувајќи на предните, задните и мускулите на задникот.

Почнете така што ќе ги свиткате колената, стапалата нека бидат подигнати и нека се допираат, а колената раширете ги, креирајќи облик на дијамант меѓу вашите пети и карлица.

Подигајте ја карлицата нагоре и надоле за неколку сантиметри, притоа не го менувајте растојанието меѓу колената. Повторете го ова 20 пати, направете кратка пауза и потоа повторно кревајте и спуштајте 20 пати.

Втора позиција во балетот (исто така pliè)

Оваа варијација на плие е исто така ефективна за цели нозе. За време на целата вежба петите нека ви бидат подигнати.

Застанете свртени кон точката на баланс и свиткајте ги колениците на надвор. Дигнете ги петите и спуштајте ја карлицата се додека не почувствувате дека сите мускули на ногата се ангажирани.

Останете во оваа позиција 60 секунди, потоа подигнете се и спуштете се неколку сантиметри, притоа не одете подолу од висината на колениците. Направете две сесии од 20 пати, со една пауза во меѓувреме.

Хамстринг стисок (познат како attitude во балетот)

Оваа вежба е одлична за обликување и зајакнување на задните мускули.

Дигнете ги рацете пред себе, едното колено благо свиткајте го нанапред, а другата нога подигнете ја наназад за 90 степени.

Со истегнати прсти спуштајте ја ногата и со прстите допрете го подот, а потоа вратете се во позиција свиткана за 90 степени. Повторете го ова 20 пати, а потоа повторете го во флекс позиција на стапалото. Истото сторете го и со другата нога.

Замав нанапред

Откако ги затегнавте мускулите со претходните вежби, важно е убаво да ги истегнете мускулите по целата должина. Оваа позиција го истегнува задниот дел од ногата и е совршена за крај на вежбањето.

Со левата нога свиткана за 90 степени и десната нога цврсто поставена, истегнете ја левата нога зад вас, притоа подигајќи ја левата пета. Рацете поставете ги во положба за „молење“ и држете. Истото повторете го со другата нога.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag