
Жељко Јоксимовиќ и приреди прекрасна ноќ на својата сопруга.

Жељко Јоксимовиќ го прекинал својот концерт во еден клуб во Дубаи ноќта помеѓу петокот и саботата точно на полноќ за да и го честита 34-тиот роденден на сопругата Јована и и ја запеал песната „Јовано, Јованке“.
Водителката запрепастена од изненадувањето за малку ќе заплакалата пред бројната публика. Таа останала без текст на овој романтичен гест, а потоа му праќала бакнежи.
Покрај ова Жељко ја одвел и на романтична вечера во еден луксузен ресторан на Дубаи, а и упати и прекрасна порака преку социјалните мрежи.
„Нејзините родендени се посебни денови. Славам што имам таква љубов“, напиша пејачот покрај фотографијата од својата сопруга.
Додека парот ужива, синот Коста го чуваат бабата и дадилката.
